ОПШТИ УСЛУВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА CREAMTUBE

I. ОПШТИ УСЛОВИ
Општите услови за регистрација и користење на претплатничкиот сервис AstroZona ги одредуваат односите меѓу Texted Limited, 3rd Floor, 120 Baker Street, London W1U 6TU, United Kingdom и секое лице корисник на услугата (клиент), кое се регистрира на Интернет страницата http://creamtube.me и ги користи услугите на интернет страницата http://creamtube.me


II. Користење на услугите.
За да ги користи услугите на сајтот и апликацијата, корисникот треба да се регистрира на сајтот или апликацијата и да изрази желба за нивно користење.

Во случаите, во кои како корисник се регистрира малолетно лице, истото ја изјавува и согласноста на своите родители или старатели со овие Општи услови. Во случаите на регистрација на лице под 18-годишна возраст, изјавата за прифаќање на Општите услови се дава од родител или старател.

Прифаќање на Општите услови: Корисникот изразува желба за прифаќање на Општите услови. Прифаќањето претставува електронска изјава со која корисникот потврдува дека е запознаен со Општите услови, ги прифаќа и се обврзува да ги почитува. Со користењето на услугата или симнување на апликацијата, корисникот се согласува со Општите услови.


III. Цени и плаќање.
Услугата овозможува начин на плаќање преку Wap (сумата се наплаќа преку вашата сметка за мобилни услуги). Сумите за направените плаќања не се рефундираат.

Цената на претплатничкиот сервис е 236MKD/месечно со ДДВ, сума која се наплаќа преку вашата мобилна сметка.
Услугата е достапна за корисниците на Телеком МК.

- Преку Wi-Fi: се внесува бројот на мобилниот телефон во специјалното поле. Се клика копчето “Претплати се со мобилна сметка“, а потоа се добива SMS од краток број со код за пристап, кој се внесува во соодветното поле и така се добива пристап до услугата.

- Преку мобилен интернет: корисникот треба да се согласи со општите услови со штиклирање на квадратчето. Потоа треба да кликне на копчето ”Плати со мобилна сметка“, за да добие пристап на услугата.

Цената на услугата е покажана над копчето „Претплати се со мобилна сметка“ – 236MKD/месечно со ДДВ, што им дава можност на корисниците да бидат информирани за цената на услугата, пред да им се наплати.

Со извршување на плаќањето корисникот ја дава својата изјава дека сака да добие пристап до конкретната содржина. Корисникот потврдува дека го прифаќа плаќањето и знае дека со извршувањето на плаќањето добива пристап до наведената дигитална содржина.

Активирање на услугата: Услугата се активира со потврдувањето на плаќањето преку кликање на копчето.


IV. Права и обврски на Провајдерот
Провајдерот е задолжен да ги заштити личните податоци со кои корисникот се регистрирал, согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци.

Провајдерот не сноси одговорност ако корисникот не ги следи правилно зададените инструкции за пристап до системот за плаќање или ако вината за неуспешна достава на услугата е надвор од дометот на Провајдерот.

Провајдерот го задржува правото веднаш да му го оневозможи пристапот до услугата на корисникот, кој се обидува да изврши противзаконски дејства со содржината на услугата.

Сајтот и апликацијата може да содржат линкови кон други страници или интернет ресурси. Провајдерот не ги контролира и не е одговорен за содржината, производите, услугите или информациите кои се наоѓаат на тие линкови.


V. Права и обврски на Корисникот
Корисникот е задолжен да го остварува правото на корисетње на услугата, почитувајќи ги нормативните акти, општите услови и инструкциите за користење.

Корисникот сноси целосна одговорност за заштитa на својот e-mail и лозинка, како и за сите дејства кои се извршуваат од него или од трето лице со користење на овие податоци.

Корисникот се обврзува да не ја снима, преснимува, печати, објавува или распространува на никаков начин содржината до која му е овозможен пристап.

Провајдерот не сноси одговорност за неправилно користење на Апликацијата.

Секакво јавно објавување на содржината со трговска или друга цел различна од личното користење е забрането.


VI. Рекламации
Рекламации можат да се прават единствено во случај на недостапност на услугата (при побаран и платен пристап од страна на Корисникот) по вина на Провајдерот.

Провајдерот не сноси одговорност при софтверски или хардверски проблеми со уредот на Корисникот, неправилно внесување на кодови за пристап, неисправен хардвер или софтвер или прекин на интернет врската на Корисникот, проблеми со интернет провајдерот, или во други случаи кои не зависат од Провајдерот.

Кога Провајдерот имплементира надградба и промени во услугата, истите не можат да бидат основа за рекламација.

Провајдерот не сноси одговорност за штети, нанесени од Корисникот на трети лица.

Провајдерот не сноси одговорност за материјални или нематеријални штети, изразени како опортунитетен трошок или претрпени штети на Корисникот во процесот на користење или некористење на Услугата.

Провајдерот не сноси одговорност при вина на некој од подизведувачите на услугата.

Информациите и личните податоци кои Корисникот доброволно ги доставува за користење на услугата, Провајдерот има право да ги користи во рамките на своите сопствени проекти.


VI. Отказ
Корисникот може да се откаже од услугата со испраќање на СМС со текст STOP CREAM на 149666 или преку порталот